h
ЈА СЛАВИМЕ КРЕАТИВНОСТА !
БЕАМ (Best of Event Awards Macedonia) — професионална награда што од 2023 година ги препознава највредните достигнувања во македонската ивент индустрија.
Фестивалот им оддава признание на креативните идеи и настани што ја обликуваат современата комуникација и култура на искуства.
ЖИРИ 2026

Бранкица Толевска

Невена Поповска
Видете ги членовите на жирито од претходните години
КОТИЗАЦИИ
- За повеќе од една пријава, секоја наредна е со 10% ПОПУСТ
- За најдобар културен настан – 50% ПОПУСТ
- За хуманитарен настан, за НВО организации – БЕСПЛАТНО
УПЛАТА НА КОТИЗАЦИЈА
Уплатата на котизацијата можете да ја извршите независно од времето на поднесување на пријавата.
За уплата, ве молиме побарајте фактура од организаторот на е-маил info@beamfestival.mk.
Наведете име на фирмата апликант, даночен број и категоријата/категориите во кои планирате да аплицирате.
Станете партнер на БЕАМ ФЕСТИВАЛ!
Поддржете го развојот на ивент индустријата и станете дел од заедницата што создава стандарди!
ПРАВИЛА И УСЛОВИ
Кликнете на насловите за повеќе информации.
Прв круг на елиминација
Во првиот круг членовите на жири-комисијата ги разгледуваат сите доставени апликации
и ги оценуваат поединечно со бодови од 1 до 10.
Вкупниот број бодови за секоја апликација се собира, по што проектите се рангираат
според освоените поени.
Првите три апликации со највисок број бодови во секоја категорија продолжуваат во
вториот круг.
Презентации на пријавените проекти
Пред финалното оценување, организаторот може да организира презентации на
пријавените проекти пред жири-комисијата, во живо или онлајн формат.
Секој апликант има можност во траење до две минути да го претстави својот проект и да
одговори на прашања од членовите на жирито.
Презентацијата не е задолжителна, но е препорачана и може да влијае при финалната
евалуација.
Термините и форматот на презентациите ќе бидат навремено соопштени од страна на
организаторот.
Втор круг на оценување
Во вториот круг членовите на жири-комисијата ги оценуваат финалистите според
дефинираните критериуми и системот на бодување.
Секој член на жирито ја оценува секоја апликација индивидуално, врз основа на следните
критериуми:
КРЕАТИВНОСТ И ИНОВАТИВНОСТ – до 20 бода
Оригиналност на концептот (идеја, тема, формат или пристап) и примена на нови
технологии, креативни решенија или иновативни методи.
ЕФИКАСНОСТ И ПОСТИГНАТИ РЕЗУЛТАТИ – до 20 бода
Реализација на поставените цели и постигнато влијание врз брендот, публиката или
заедницата, мерливо преку резултати, ангажман и медиумска видливост.
ИСКУСТВО НА ПУБЛИКАТА И ИНТЕРАКЦИЈА – до 20 бода
Квалитет на искуството за публиката, интерактивност и емоционален ефект. Степен на
вклученост и инклузивност на различни целни групи.
ПРОДУКЦИСКА ВРЕДНОСТ И ОРГАНИЗАЦИЈА – до 10 бода
Квалитет на организацијата и изведбата: продукција, логистика, тимска работа, техничка
изведба, сценографија и визуелен ефект.
БУЏЕТ И ЕФИКАСНОСТ – до 20 бода
Сооднос меѓу вложени средства и постигнати резултати. Оптимална употреба на буџетот и
ресурсите во однос на целокупниот ефект и квалитет на настанот.
ПРИДОНЕС КОН ЗАЕДНИЦАТА И ОПШТЕСТВЕНО ВЛИЈАНИЕ – до 10 бода
Општествено и културно влијание на настанот, придонес кон заедницата, поттикнување
на инклузија, одговорност и позитивна промена.
КАТЕГОРИЈА: НАЈДОБРА (BTL) АГЕНЦИЈА ЗА НАСТАНИ
Во оваа категорија оценувањето се врши според следните критериуми:
ДИВЕРЗИТЕТ И КВАЛИТЕТ НА РЕАЛИЗИРАНИ НАСТАНИ – до 30 бода
Разновидност и квалитет на реализираните настани во текот на 2024 година, според обем,
комплексност и продукциски стандарди.
ПОСТИГНАТИ РЕЗУЛТАТИ И ВЛИЈАНИЕ ВО ОПШТЕСТВОТО – до 30 бода
Вкупен импакт на реализираните настани – мерливи резултати, општествени и економски
придобивки и придонес кон развојот на индустријата.
ИНОВАЦИИ И КРЕАТИВНИ РЕШЕНИЈА – до 20 бода
Примена на иновативни решенија, технологии или оригинални концепти во
организацијата и изведбата на настаните.
ПРЕПОРАКИ ОД КЛИЕНТИ И ИСКУСТВА – до 20 бода
Минимум три препораки од клиенти што потврдуваат квалитет, професионалност и
постигнати цели. Препораките треба да го одразуваат задоволството од креативноста,
организацијата и изведбата на настаните.
НАЧИН НА ОЦЕНУВАЊЕ
Збирот на освоените бодови се дели со бројот на критериуми (6 или 4, во зависност од
категоријата), при што се добива просек по критериум.
Овој резултат потоа се дели со бројот на членови на жири-комисијата што реално гласале
за таа апликација, со што се добива конечната просечна оцена за финалистот.
Победник во категоријата е апликацијата со највисока просечна оценка.
Во случај на идентична просечна оценка, жирито може да спроведе дополнителна
консултација и кратко прегласување само меѓу изедначените апликации.
Доколку по прегласувањето резултатот остане ист, наградата може да се подели меѓу
двата проекти, по одлука на жири-комисијата.
Повторување на гласањето може да се дозволи само во исклучителни случаи, доколку
постојат оправдани сомневања за техничка грешка или недоразбирање во процесот.
Доколку во одредена категорија е пријавен само еден проект, наградата не се доделува
автоматски.
Во таков случај, вкупниот број бодови што проектот ги освоил од жирито се споредува со
распонот на бодовите на победниците во сите други категории (највисоката и најниската
просечна оценка).
Ако резултатот на апликацијата се наоѓа во рамките на тој распон, се смета дека го
исполнува квалитативниот праг и се прогласува за победник во својата категорија.
Доколку резултатот е под тој праг, апликацијата нема да биде наградена, а категоријата
останува без победник.
GRAND PRIX НАГРАДА
Grand Prix се избира од победниците во сите категории.
Секој член на жири-комисијата гласа за една апликација која, според неговото
професионално мислење, најдобро ја отсликува суштината на извонредност, креативност
и влијание во ивент индустријата.
Гласањето се одвива по ист принцип како и во категориите, преку индивидуално и
доверливо електронско гласање.
Победник на Grand Prix е проектот кој ќе освои најголем број гласови.
Доколку по првиот круг гласањето не даде јасен резултат (гласовите се распределени на
повеќе проекти), жирито спроведува втор круг на гласање меѓу два проекти со најмногу
гласови.
Резултатите од гласањето се доверливи и се објавуваат исклучиво на свечената
церемонија на BEAM Festival 2026.
Начин на оценување
1. Оценувањето на пријавените проекти се одвива електронски и индивидуално од страна на
секој член на жири-комисијата.
2. Поединечното гласање и оценките на членовите на жирито се доверливи и не се јавно
достапни.
Непристрасност и професионален интегритет
3. Секој член на жирито ги оценува апликациите независно, објективно и без пристрасност, во
согласност со сопственото професионално знаење, углед и интегритет.
4. Членовите на комисијата не смеат да ја доведуваат во прашање одлуката или гласовите на
своите колеги, ниту да влијаат на нивното гласање – писмено, усно или на кој било друг начин.
5. Доколку член на жирито се обиде да влијае врз процесот на оценување, веднаш ќе биде
исклучен од понатамошното гласање, а одлуката за исклучување ќе биде јавно објавена.
Независност на процесот
6. Организаторот нема право да влијае на гласањето на членовите на жирито, ниту да предлага
или дисквалификува пријавени проекти.
7. Одлуката за тоа кои настани ќе бидат наградени ја носат исклучиво членовите на жири-
комисијата.
Спречување на судир на интереси
8. Доколку член на жирито на било кој начин е поврзан со пријавена апликација (како учесник,
клиент, партнер или изведувач), истиот ќе биде изземен од оценување на таа апликација.8.
9. Доколку жирито заседава и дискутира за апликациите, членот ќе биде отсутен за време на
дискусијата поврзана со односниот проект.
Консултативно заседавање
10. По завршувањето на електронското гласање, организаторот може да свика финално
консултативно заседавање (онлајн или во живо) на жири-комисијата за разгледување на
резултатите и потврдување на добитниците.
Доверливост и јавна комуникација
11. Членовите на жири-комисијата се обврзуваат да не даваат јавни изјави, коментари или
мислења поврзани со процесот на оценување пред официјалната објава на резултатите.
12. Сите информации добиени во рамки на процесот се сметаат за строго доверливи.
Постапување при неправилности
13. Доколку член на жири-комисијата забележи прекршување на правилата (на пр. плагијат,
конфликт на интереси или неетичко однесување), е должен веднаш да го извести
Организаторот, без да стапува во директен контакт со апликантот или клиентот.
Организаторот ја разгледува пријавата и, доколку е потврдена, може да ја дисквалификува
апликацијата.
14. Членот што постапил во добра намера и во согласност со ова правило не се смета дека ја
прекршил доверливоста.
Други прекршувања
15. Доколку подоцна се утврди дека наградениот проект ги прекршил правилата на
конкуренцијата, законските или етичките норми, наградата ќе биде повлечена, а
информацијата за тоа ќе биде јавна.
Согласност со правилата
16. Со прифаќањето на членството во жири-комисијата, секој член изразува согласност со овие
правила и се обврзува да постапува во согласност со нив.
17. Секој член потпишува изјава за независност, непристрасност и доверливост, која се чува од
страна на организаторот.
Организатор
1. Организатор на BEAM Festival е Асоцијацијата на ивент индустријата – ИВАП (Скопје).
2. Поимот „апликант“ се однесува на правното лице што поднело пријава, а поимот
„проект“ на пријавениот настан.
Право на учество
3. Апликациите се однесуваат на настани реализирани во периодот од 1 јануари до 31
декември 2025 година.
4. Пријавените настани можат да бидат комерцијални или некомерцијални,
организирани од правни лица регистрирани во Република Македонија или земјите од
регионот на Југоисточна Европа (Хрватска, Србија, Словенија, Босна и Херцеговина,
Црна Гора, Албанија, Косово).
5. Прифатливи апликанти се: агенции за настани, ПР и комуникациски компании, рентал
агенции, корпорации, државни и локални институции, здруженија и невладини
организации.
6. Секој настан или компанија може да се пријави во една или повеќе категории.
Процес на аплицирање
7. Апликациите се поднесуваат онлајн преку официјалната веб-страница:
www.beamfestival.mk
8. Во формуларот задолжително се внесува линк до видео-материјал (YouTube, Vimeo
или друг јавен линк).
9. Видео-материјалот треба да има траење до 2 минути и да го прикажува суштинскиот
концепт, атмосфера и резултати од настанот.
10. Апликации со видео подолго од 2 минути можат да бидат прифатени, но жири-
комисијата не е должна да го прегледа материјалот во целост.
11. Не се бараат дополнителни прилози.
12. Котизацијата се плаќа исклучиво на жиро-сметка, по доставена фактура од страна на
Организаторот.
13. За секоја уплатена котизација за учество, апликантот добива една влезница за
церемонијата на доделување на наградите.
14. Рок за доставување: 30 јануари 2026, до 23:59 часот.
15. Апликации со неплатена котизација или материјали доставени по истекот на рокот
нема да бидат разгледани.
16. Еднаш поднесена апликација не може да се повлече или дополнува.
17. Доколку апликацијата е пријавена во несоодветна категорија, таа ќе остане во истата
категорија и ќе биде оценувана според таму утврдените критериуми.
18. Жирито и организаторот немаат право да ја пренасочат апликацијата во друга
категорија.
19. Во случај на технички проблеми при поднесување на апликацијата, апликантот е
должен навремено да го извести Организаторот преку официјалната е-пошта наведена
на веб-страницата.
20. Организаторот има право да дисквалификува апликација доколку утврди:
– неточни или лажни информации во пријавата,
– прекршување на авторски права или условите на натпреварот,
– недолично или неетичко однесување на апликантот во процесот.
21. Организаторот го задржува правото, во исклучителни случаи, да изврши промена на
роковите за аплицирање, за што навремено ќе информира преку официјалните
канали.
22. По завршување на рокот за аплицирање, организаторот може да организира
презентации на пријавените проекти пред жири-комисијата.
23. Организаторот има право да отфрли апликации кои не се во согласност со техничките
или содржинските услови на конкурсот, вклучувајќи непотполни или несоодветни
материјали.
Јазик
24. Официјален јазик на BEAM Festival е македонскиот.
25. Македонските апликанти можат да изберат дали ќе аплицираат на македонски или
англиски јазик.
26. Апликантите од регионот (Adria) поднесуваат апликации исклучиво на англиски јазик.
27. Материјали на друг јазик нема да бидат прифатени.
28. Жирито може да вклучува и регионални експерти по избор на Организаторот.
Потврда од клиент
29. Со самото поднесување на апликацијата се смета дека клиентот е известен и се
согласува со учеството.
30. Организаторот го задржува правото директно да го контактира клиентот, доколку е
потребно.
Церемонија и доделување
31. Наградата се доделува исклучиво на апликантот кој ја поднел апликацијата и ја платил
котизацијата.
32. Апликантот е должен да обезбеди присуство на претставник на свечената церемонија.
33. Организаторот, по консултација со жири-комисијата, го задржува правото да не
додели награда во одредена категорија.
Авторски права и материјали
34. Апликантот гарантира дека доставениот видео материјал е негова сопственост и
ослободено од побарувања на трети лица.
35. Апликантот се согласува на свој трошок да ги преземе евентуалните побарувања
поврзани со доставените материјали.
36. Со самото аплицирање, апликантот му дава на Организаторот право да ги користи
доставените видеа за промотивни и едукативни цели, без дополнителен надомест.
37. Победниците имаат право да го користат името и логото на BEAM во својата
промоција, со задолжително наведување на категоријата и годината.
38. Употребата на логото и називот на BEAM во комуникациски материјали е дозволена
исклучиво во контекст на јавно објавените резултати, со задолжително почитување на
бренд-упатствата на Организаторот.
Заштита на доверливи информации
39. Организаторот и членовите на жири-комисијата се обврзуваат да не објавуваат или
споделуваат доверливи податоци содржани во апликациите, освен во рамки на
процесот на оценување.
Ограничувања
40. Спонзорска или партнерска компанија не може да учествува во категоријата што ја
спонзорира.
41. Сите одлуки на жири-комисијата се конечни и обврзувачки.
42. Организаторот обезбедува дека сите членови на жири-комисијата делуваат независно
и без конфликт на интереси.
Жири-комисија
43. Членовите на жири-комисијата се именуваат од страна на Организаторот, со
почитување на принципите на непристрасност, разновидност и професионален
интегритет.
44. Работата и процедурите на жири-комисијата се уредени во посебниот документ
„Критериуми за работа на жири-комисијата“, кој ги дефинира правилата за
независност, доверливост и етичко постапување на членовите.
45. Секој член потпишува изјава за независност, непристрасност и доверливост.
Објава на резултати
46. Добитниците на наградите ќе бидат објавени на официјалната веб-страница на BEAM
(www.beamfestival.mk) и на социјалните мрежи по завршување на церемонијата.
47. Организаторот има право да ги користи имињата, материјалите и видеата на
учесниците во јавни објави, печатени и дигитални медиуми и други промотивни
канали.
Прифаќање на условите
48. Поднесувањето на апликација подразбира целосно прифаќање на сите услови и
правила на BEAM Festival 2026.
49. Во случај на непредвидени околности (виша сила, технички проблеми или други
причини надвор од контрола на Организаторот), Организаторот го задржува правото
да ги измени, одложи или откаже одредени делови од процесот без обврска за
надомест.



































